На Попова Шапка утрово се измерени два степени Целзиусови, во Охрид 11, а во Демир Капија 14 степени.
Од УХМР соопштија дека во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, во југозападните делови со сончеви периоди. Дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Охрид до 16 степени.
Слично време не очекува и наредните три дена. Утринските температури ќе бидат насекаде во опаѓање, а во вторник на места ќе се спуштат и под нулата. Преку ден ќе биде претеѓно сончево.
Г.М.