Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз за претстојните пријателски средби со Канада (14.Ноември, Струмица 13ч.) и Иран ( 18. Ноември) повика 20 репрезентативци. Ново име во составот ја Јонуз е голманот на Работнички Кристијан Наумовски. На списокот за овај двомеч ги нема “кипраните“ кои се ослободени од обврските поради настапи со своите екипи.


Голмани : Пачовски Томе, Наумовски Кристијан.

Одбрана : Седлоски Гоце, Митрески Игор, Лазаревски Владе, Новески Николче, Мојсов Даниел, Глигоров Глигор, Попов Горан Херенвен, Попов Роберт.


Среден ред : Деспотовски Филип, Алими Арменд. Георгиевски Славчо, Шумуликоски Величе,

Напад : Пандев Горан, Наумоски Илчо, Стојков Ацо, Ибраими Бесарт, Савиќ Душан, Ивановски Филип.

Собирот е на 10. Ноември со ручек кај претседателот Ѓорѓе Иванов во неговата резиденција на Водно. Потоа експедицијата заминува за Струмица во Х. Сириус.