Македонскиот напаѓач Илчо Наумоски е новиот играч на шпанската Алмерија. Менаџерот на Алмерија, Хуго Санчез ги договорил услугите на македонецот кој од австрискиот Матерсбург  заминува како слободен играч.


Наумоски за австријците во 119 меча постигнал 51 погодок. Наумоски беше поврзуван со Хајдук од Сплит, потоа шкотскиот Хартс но сепак се одлучил за шпанската Алмерија, која минатата сезона заврши како 11- то пласирана во шпанската Ла лига.

ohridnews