Пожарите што ја зафатија Русија ќе ги забрзаат климатските промени и ќе го забрзаат процесот на затоплување, што ќе предизвика катастрофални последици по животот на планетата Земја, смета независниот екологист, дипломираниот инженер-агроном Лазо Наумоски. Тој укажува дека како последица на големите пожари во Русија секојдневно од лицето на планетата исчезнуваат стотици илјади хектари шумски површини. Тоа според Наумоски ќе предизвика големи промени во екосистемите. Своите претпоставки тој ги темели на фактот што во последното столетие во атмосферата се исфрлени 360 милијарди тони СО2,  како последица од загадувањето. Според Наумоски избувнувањето на пожарите во шумските региони  предизвикува дополнително оптоварување на атмосферата со СО2,  и забрзување на процесот на климатските промени со еколошки последици од поголеми размери:
-Озонската обвивка во атмосферата се намалува со забрзано темпо.
-Ззголемувањето на температурите за неколку степени на Земјата ќе се случи за помалку од 100 години.
-Ќе дојде до прегрупирање на флората и фауната на земјината површина.
-Одредени делови од Земјината топка ќе бидат зафатени од екстремно сушни периоди и виски температури, а одредени делови со екстремно влажни периоди пропратени со поројни дождови и поплави.
-Постои опасност да се загрози опстанокот на повеќето еко системи на планетата.
-Многу земјоделски култури како последица од климатските промени ќе исчезнат
-Одредени градски средини  ќе бидат напуштени бидејќи луѓето ќе бидат приморани да го променат своето традиционално место на живеење како последица на климатските промени.

Наумоски укажува дека науката мора масовно да се мобилизира и да обезбеди алтернативни извори на храна и енергија кои му се неопходни на човекот за да ги преживее  климатските промени.

OhridNews