Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација,Илчо Наумоски, е пред трансфер во шкотскиот Хартс. Наумоски кој е слободен играч претходно ги одбил понудите од австрискиот Салзбург како и од неколку клубови од Русија.

Наумоски (25) беше стрелец на единствениот погодок на “Филип Втори“ во победата на Македонија над Шкотска во квалификациите за СП 2010 г во ЈАР.

„Во следните неколку денови ќе одлучам за мојата следна дестинација. Има добри можности во Шкотска и Англија. Секако дека и финансиските детали ќе имаат улога. Одлуката ќе ја донесам заедно со мојот менаџер“, изјави Наумовски.

ohridnews