Пеце Наумовски младиот талентиран каратист уште еднаш докажа како се брани светската титула. На светското првенство во неговиот стил GKR карате што се одржа минатиот викенд во спортскиот центар Сиднеј Олимпик Парк Хомбуш залив во Сиднеј.

Наумоски го освои првото место во ката вежби во јуниорска отворена група. Во неговата дивизија учествуваа 30 натпреварувачи од Англија, САД , Нов Зеланд, Канада и Јапонија. Тој го постигна највисокиот резултат од сите тројца судии.

Основачот на Go-Kan-Ryu карате Канчо Роберт Саливан гледа голем потентциал во Наумоски како карате спортист и со нетрпение очекува да го гледа како преминува во сениори. Тој исто вели дека Наумоски има светла иднина во GKR карате како висок сенсеи.

„Каков е потенцијалот на овој млад карате-ка и дека не можам да престанам да мислам на сличностите измеѓу мене и него кога бев на негова возраст“ рече Канчо Саливан.

„Презадоволен сум од вредностите на Наумоски во 2007 во Бирмингем, Англија го освои првото место во ката и оваа година 2013 уште еднаш го освои првото место во ката што стана по втор пат светски првак“ додаде Саливан.

Ohridnews