Македонскиот напаѓач Илчо Наумоски го постигна својот 12. погодок сезонава во австриската бундеслига.

Наумоски го отвори резултатот при победата на  Матерсбург од 3-1 против Капфенберг во дерби-дуелот за опстанок помеѓу деветтопласираната и осмопласираната екипа.

Матерсбург во чиј клуб настапуваат уште и Гоце седлоски и Остоја Степановиќ,грчевито се бори за опстанок и на пет кола пред крајот со 23 бода се наоѓа на делба на последното место со Алтах.

ohridnews