Фудбалерите на Охрид со минимална победа (1-0) над Вардар Форино ги започнаа домашните натпревари од пролетната полусезона во Втората македонската фудбалска лига-запад. „Рибарите“ со триумфот и трите бодови им се приближија на ривалите на табелата во битката за опстанок и се вратија во колосек после шокантниот пораз од Лабуништа на стартот од сезоната.
Ни требаше победа, било каква победа поради резултатскиот притисок и чисти глави после турболетната недела. Затоа победата над Вардар Форино можам да кажам дека вреди многу повеќе од три бодовои. Морам да ги пофалам соиграчите затоа што не потклекнавме пред притисокот, лошите временски услови и калливиот терен. Туку одигравме храбро и претпазливо и успеавме да стигнеме до победата. Исто така ќе им се заблагодарам на „Рибарите“ и останатите гледачи, кои, беа околу стадионот и не бодреа кога ни беше најпотребно. – изјави десниот бек Наум Велјаноски.
Охриѓани, вртат нов лист и целосно се насочуваат кон дуелот со Скопје во Атокоманда во рамките од 17-та рунда од Втората МФЛ.
Не очекува тешко гостување во вистинска смисла на зборот. Но сепак, ние одиме со наши мотиви и желба за надигрување. На средбите со Лабуништа и Вардар Форино покажавме дека можеме и не гледам причина да не се обидеме да извлечеме позитивен резултат. – рече дефанзивецот.
Голем хендикеп за охридските сино-бели ќе биде отсуство на Стојанче Велинов, Шериф Реџепи и Александар Целески кои ќе паузираат поради картони.
OhridNews