Фудбалерите на Охрид, в сабота во 14 часот, на СРЦ „Билјани Извори“, против Кораб од Дебар ќе ја отворат пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Охриѓани преку својот капитен Наум Вељаноски најавуваат атак на победа и освојување на трите бодови.

Со нетрпение ги очекуваме мечевите од Втората лига. Со Кораб секој натпревар е неизвесен и посебен. Ние играме на домашен терен и ќе атакуваме на победа и трите бодови, – изјави Вељаноски.

„Рибарите“ во пресрет на локалното дерби се четвртопласирани со 28 бодови, додека Кораб е петтопласиран со четири бодови помалку.

Правдата на средбата во Охрид ќе ја дели битолчанецот Владимир Ѓорѓиески.

OhridNews

 

Втора МФЛ: Охрид – Кораб за битолчанецот Владимир Ѓорѓиески

Најава Охрид – Кораб: Домашниот терен адут на охриѓани, Кораб врти нов лист