Струшките ракометари приредија пријатно изненадување во четвртфиналната рунда во Купот на Македонија елиминирајќи го Работнички во полуфиналето после победата 27-18. Во финалето младите ракометари од Струга ќе се сретнат со Охрид кој во второто полуфинале славеше против Металург 2 (28-23).


– Самиот пласман во осумте најдобри екипи во Купот на Македонија е огромен успех за нас. Во финалето од четвртфиналната рунда играме против Охрид кој е апсолутен фаворит. Ние ќе одиграме колку што ќе ни дозволи Охрид, а ќе пробаме сигурно, бидејќи нема поголем мотив за ракометар од овој регион од „езерската“ пресметка. – рече Наум Танески тренер на екипата.

Финалниот натпревар од четвртфиналната рунда ќе се одигра во 18 часот.

КУП: Струга го реши Работнички, на ред е Охрид за „езерско“ дерби во финалето (фото)

OhridNews