Екипата на Струга е дел од четвртфиналната група која викендов ќе разигрува во Охрид за пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. Покрај Охрид кој е домаќин и Струга во „Билјанини Извори“ ќе допатуваат уште скопските екипи Металург 2 и Работнички.


Стружани кои се натпреваруваат во Првата лига за ривал во полуфиналето од четвртфиналната група го имаат Работнички кој се наоѓа на последната позиција во плејаутот во Супер лигата без освоен бод сезонава.

– Со оглет околностите во клубот, за нас голем успех е што се пласиравме во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Сите во клубот посакуваме финален дуел со Охрид, но прво мора да минеме Работнички кој иако е последен во Супер лигата има квалитетни и искусни ракометари за наш домет. Наша предност ќе биде теренот во Охрид кој го чуствуваме како домашен и тоа што ќе имаме наши фанови кои ќе не бодрат и ќе ни дадат поголем мотив за добра игра и победа. – изјави тренерот на екипата, Наум Танески.

Полуфиналниот дуел струшкиот состав го игра в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути, додека вториот на програмата е во 20 часот во кој ќе се сретнат Охрид и Металург 2.

OhridNews