Во второто коло од светското првенство во бокс за младинци кое се одржува во Будва, Црна Гора, охридскиот боксер Наум Стојаноски беше поразен од турскиот репрезентативец Јилмаз Алперен.

Алперен воедно е и освојувач на бронзен медал од европското младинско првенство кое се одржа во Пореч во април годинива.

Со тоа Наум ги заврши натпреварите неуспевајќи да се пласира во четвртфиналето каде ќе беше на чекор од освојување на медал.

Следно големо натпреварување за охридските боксери е Балканското првенство кое ќе се одржи од 18 до 24 ноември во Лозница, соседна Србија.

OhridNews