Охриѓанецот Наум Костов се враќа дома, стави потпис за сезона 2024/2025. 23-годишното десно крило се враќа во ГРК Охрид по сезона и пол помината во РК Аеродром и РК Куманово каде што прикажа одлични игри и беше лидер во овие тимови, а беше и избран за МВП на колото во повеќе наврати.

Со задоволство го прифатив повикот од тренерот и управата да бидам дел од клубот. Охрид е мој матичен клуб, каде започнав да играм ракомет и ги поминав сите младински категории, па така знам какво задоволство претставува да се игра пред домашната публика и Рибари. Се надевам на добра и успешна сезона, изјави Костов.

OhridNews