Еден од неколкуте охридски ракометни надежи, Наум Костов се најде на списокот од селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац за турнирот кој ќе се одржи во Романија од 14 до 18 декември.
Десното крило заедно со Мартин Ивановски минатиот се најдоа на поширокиот список, но отпаднаа при последниот рез за турнирот во Плоцк, Полска. Овој пат Костов го помина и последниот рез и ќе има можност да го носи дресот со националните бои.
Инаку, Костов потекнува од ракометна школа во склоп на Охрид водена од Наум Бабачев. Минатата година екипата на Охрид стигна до Ф4 турнирот, а добрите игри продолжуваат и сезонава.
Македонските ракометари ќе одиграат три контролни мечеви и тоа против домаќинот Романија, Израел и Белорусија.
OhridNews