„Гладијаторите“ ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Јуниор КВ, стигнувајќи до победа 30-21 со доминатна игра од почеток до крајот на натпреварот. Охриѓани ја запишаа 11-та победа, а, во последната рунда од есенската полусезона ќе атакуваат на 12-та, за максимален ефект.

 

Нашата мотивација за игра на почетокот од натпреварот беше евидетна. Низ видео ги анализиравме нивните јаки и слаби страни. Во одбрана одигравме маестрално, а во напад со стрплива игра постигнувавме погодоци од изградени акции. Задоволен сум јас од мојата игра на мечот со Јуниор КВ, а и останатите ракометари. – изјави десното крило Наум Костов кој мечот го заврши со седум погодоци.

Комбиниравме со ростерот и сите ракометари заслужуваат честитки за добрата претстава и победата. Дел од ракометарите одмараа, а тие кои играа пружија речиси перфектна партија. Победивме лестно и целта на мечот ја исполнивме. В среда со триумф против Астраион ќе стигнеме до 12 победи во исто толку одиграни мечеви и ќе ја исполниме целта од стартот на сезоната. – рече тренерот Раде Стојановиќ.

OhridNews
Фото: Мега Продукција

Охрид и со комбиниран состав пресилен за Јуниор КВ