Почетокот на новата 2009 година ќе „задоцни“ за една секунда и тоа по барање на меѓународните експерти за време. Новата година ќе задоцни поради додавање на една секунда на службените часовници. Причината е синхронизација на атомските часовници со земјината ротација.


Ротацијата не земјата трае скоро совршени 24 часа, но минималните варијации доведуваат до расчекор помеѓу астрономското време и атомските часовници кои немаат никаква варијација.

Синхронизацијата не е новина, овогодишната ќе биде 24-та по ред. Се спроведува од 1972 година и тоа во период од 6 месеци до 7 години, а за прецизноста се грижи Меѓународната служба за седење на ротацијата на земјата и референтните системи со седиште во Париз. Последната синхронизација беше извршена во помеѓу 2005 и 2006 година.