На сите би им било подобро ако часовникот не се враќа на зимско време, тврди британскиот научник Мајер Хилман, кој 25 години го испитува влијанието на светлината врз здравјето. Освен што смета дека зимското време треба да се израмни по летното, тој се залага стрелката на часовникот на лето да се помести дури два часа нанапред, пренесува „Макфакс“.
           
Наместо да живееме во полумрак, летното сметање на времето во зима, и два часа нанапред на лето, ќе донесе многу повеќе сончеви часови и повеќе можности луѓето да се движат на отворено. Тоа многу би значело во намалување на болестите и би ја подобрило психичката состојба на луѓето во текот на зимата.
           
Доктор Хилман, професор на британскиот институт, своите тврдења ги поткрепува со британскиот експеримент кој траел од 1967 до 1971 година, кога Британија цела година имаше летно пресметување на времето. Утринското изгрејсонце ни го зголеми бројот на несреќите по улиците, бидејќи попладневните часови имаа повеќе дневна светлина.
           
Недостатокот на физички вежби доктор Хилма го смета за главен здравствен проблем, на кој продолжените зимски денови можат многу да влијаат. Многумина, особено постарите лица се повлекуваат во своите домови веднаш по заоѓањето на сонцето, а тоа значи помалку можности за шетање на отворено.

OhridNews
извор: „Макфакс“