Научниците создадоа зајаци кои светат во темно, а овој проект е дел од планот за создавање лекови за неколку тешки болести.


Тие биле родени во Универзитетот во Истанбул,а се важни бидејќи ова им помага на научниците да разберат како генетскиот материјал успешно се пренесува во нов организам.

Флуоресцентната боја покажува дека генот кој оригинално не бил во животното сега постои таму, исто како да е природен дел од него. Флуоресцентниот протеин не влијае на животните, тие имаат ист животен век како останатите зајаци. Бојата е само покажувач дека сe функционира одлично.

За да се создаде сјајот истражувачите употребиле флуоресцентен протеин од ДНК на медуза и го ставиле во ембрионите на осум зајаци. Ембрионите повторно биле ставени во мајката-зајак, од кои два зајаци се родиле со генот за светење.