Научниците тврдат дека инсектите како додаток во исхраната би бил добар за нас, но исто така и за околината. За неколку години ќе можат да се најдат киосци со пржени мрави.
Хранењето со инсекти би значело нутристички збогатена исхрана и би помогнало во уништувањето на штетниците. Некои инсекти во пржен облик имаат повеќе протеини месо или риба во сиров облик, додека други се богати со незаситени масти, витамини и минерали.
Стручњаците веруваат дека еден ден инсектите ќе ја заменат брзата храна. Иако тоа во западниот свет е непознато и невообичаено, во 113 земји во светот луѓето јадат разни видови на инсекти.
Во Тајван пржените скакулци и гасеници се деликатес. Во многу делови од Азија на пазарот се продаваат пржени инсекти сервирани како брза храна.