Бразилските научници имаат намера да произведат многу издржливи влакна од банана и ананас кои ќе бидат наменети за автомобилската индустрија. Целулозните влакна од овие растенија со помош на некои хемикалии можат да се разложат на компоненти. На тој начин се добиваат нано влакна, кои се додаваат во конвенционалните синтетички материјали.
Пеоизводите направени од овој материјал се лесни, но и исклучително цврсти и отпорни, речиси како материјалите од кои се изработуваа панцирите. Научниците мислат дека во иднина од овие материјали би можеле да се изработуваат некои делови за автомобилите, како на пример таблата со инструменти, браниците и некои други делови од каросеријата. Покрај тоа нано влакната се посебно отпорни на високи температури и бензин.