Американските научници откриле „друштвена виагра“, односно лек против срамежливост и општесвена неприлагоденост. Но, развојот на лекот е сеуште во тек бидејќи научниците сеуште го испитуваат хормонот окситцин кој го лачи мајката за време на раѓањето, а кој ја намалува анксиозноста и ги намалува фобиите.
Постојат индиции дека истиот хормон може да им помогне на луѓето кои се борат со аутизмот. Паул Зак, професор по неврологија, ги тестирал хормоните на стотина пациенти па дошол до заклучок дека окситоцинот ја ублажува анксиозноста и на тој начин човекот полесно стапува во контакт со други луѓе.
– Она што е многу важно е дека лекот нема никакви нус појави и не прави зависност, напоменува професорот. Со хормонот окситоцин научниците успеале да ги намалат симптомите на срамежливост кај 120 пациенти. Примената е едноставна. Хормонот треба да се земе половина час пред некоја непријатна ситуација.
Се верува дека поголема количина на природен окситоцин во крвта влијае и врз луѓето да им помагаат на старите лица, а уште позанимливо е тоа што луѓето тогаш даваат повеќе пари за добротворни цели.