Мажите во врска добро ја  имаат запаметено  реченицата „готова сум за една минута“. Тоа никогаш не било минута, а сега има и доказ.

Новото истражување покажало дека на просечна жена и е потребно повеќе од еден час да се подготви за излегување. Процедурата за подготовка опфаќа 15 минути туширање, 21 минута местење фризура, 17 минути избирање облека и 12 минути шминкање.


Докажано е дека жените за самото планирање за излегување трошат по 55 минути. Анкетата опфатила 3.000 жени, кои во просек излегуваат со 5 пријатели во околу 20:00 часот и ќе се вратат 5 часа и 22 минути подоцна.