Меѓународна група истражувачи од Државниот универзитет на Вашингтон и Кралскиот колеx во Лондон открија дека вирусниот хепатит станал една од главните причини за инвалидност и смртност во светот, изедначувајќи се со ХИВ и туберкулозата, пишува порталот за новини од науката EurekAlert.
Во своето истражување научниците се раководеле од собраните податоци во периодот од 1990 до 2013 година во 183 земји. Според резултатите, бројот на смртните случаи поради вирусна жолтица во споменатиот повеќе од дваесетгодишен период се зголемил за 63 отсто.
Годишно поради ова заболување умираат 1,45 милиони луѓе во светот, додека бројот на починатите од ХИВ и туберкулоза се намалил.
Во најголем степен на влијанието на вирусниот хепатит, како што утврдиле истражувачите, е подложено населението во земјите со високи и средни просечни примања, а, пак, населението на источна Азија воопшто не страда од ова заболување.
OhridNews
извор: „Макфакс“