Група научниците предлага амбициозен проект на создавање синтетички човечки геном, или генетски отпечаток, што повторно ќе ги поттикне дискусиите за тоа до која мерка човечкиот живот може да биде предмет на генетски инженеринг, пишува научното списание Science.

Проектот, за кој иницијалната идеја ја дала на мајскиот состанок група научници од Харвард, има цел да се креира синтетички геном, кој потоа би се испитувал во клетки во лаборатории следните десет години. Основната цел е да се забрзаат генетските истражувања.

Проектот наречен „Human Genome Project-Write“ го предлага група од 25 научници генетичари од универзитетите Харвард, Јејл, Коламбија, од медицинскиот факултет Џонс Хопкинс, од Масачусетскиот технолошки институт (MIT) и други научни институции, и нагласуваат дека намерата им е да создадат целосни човечки геноми, но генетските записи би се користеле само за опити.

Со лабораториските опити би се истражувале ефектите на генетските мутации, со создавање посигурни матични клетки за пресадување органи. Научниците претпоставуваат дека со текот на времето на тој начин би можело да се произведат генетски мутации на животните, како што се свињите, за да може нивните органи да се трансплантираат на луѓе.

Сегашното ниво на развојот на науката овозможува создавање покуси генетски записи, но создавањето целосен генетски ген би бил извонредно сложен и скап процес. Научниците се надеваат дека ќе соберат 100 милиони долари кои се потребни само за да се започне проектот. Вкупниот трошок би бил, сепак, помал од три милијарди долари, колку што чинеше и целосното мапирање на човечката ДНК.

Научниците тврдат дека во проектот од самиот почеток па до крајот ќе биде вклучена јавноста, имајќи предвид дека во него станува збор за чувствителни прашања од етичка, општествена, правана и религиозна природа.

OhridNews
Извор:„Макфакс“