Научниците откриле дека ултрацрните шари на кожата на една отровна змија од Африка содржат наноструктури, кои, како што велат, би можеле да послужат како инспирација за производство на нови супер ткаенини кои апсорбираат светлина. Западноафриканската габонска шарка, која важи за мајстор на камуфлажата, има темни, црни дамки на кожата кои рефлектираат многу малку светлина. Вткаени во бели и смеѓи дамки кои се исклучително рефлективни бои, овие срни дамки ствараат контраст поради кој змијата многу тешко може да се забележи во прашумите.

Тим германски научници се обидел да ја открие тајната на овие ултрацрни дамки и открил дека нивната површина е составена од тесно поврзани микроструктури во форма на лист, прошарани со бразди со наноментриска големина. Во студијата објавена во списанието “Nature”, истражувачите навеле дека микро и нано структурите во змиската кожа најверијатно служат за собирање и заробување на светлината и дека таа структура би можела да се примени во изработката на нови супер апсорбирачки, ниско рефлективни вештачки материјали чија примена би била од големо значење посебно во специјализираните оптички или соларни системи.