Не може да се види, ниту да се допре, но игра клучна улога во борбата со имунолошките болести, велат научниците за новиот систем откриен во мозокот на човекот. 

Имено, истражувачите ов Медицинскиот универзитет во Вирџинија, открија долго скриен систем од крвни садови кој го нарекоа централен нервен систем на лимфни крвни садови. 
Овие новооткриени крвни садови ја спроведуваат лимфата од мозокот до околните лимфни чворови, пишува Nationalgeographic.rs. 

Откритието, кое е објавено во магазинот Nature, ги потресе научните кругови. Истражувачкиот тим предводен од Антоан Лав, најпрво го испитувал мозочното ткиво на глувците, кај кои е забележан сличен систем на оној кој постои во имунитетните келии. 

Потоа ткивото е тестирано за да се испита дали во него постојат лимфни келии, а резултатот бил позитивен. Овие клетки, исто така, постојат и во човечкото мозочно ткиво. 
Кога во нашиот организам ќе дојде до воспаление, молекулите и патогените се спроведуваат до лимфните келии, каде имунитетните клетки се активираат за да ја продолжат борбата со болеста или воспалението. 

Овие крвни садови се најдени во дуралните синуси, кои ја спроведуваат крвта од мозокот до вратните вени. Се наоѓаат во близина на крвните садови, па поради тоа се помалку воочливи. 

„За што подобро да ја разбереме функцијата на новооткриените клетки, неопходено е детално да ги проучиме, затоа што мозокот кај глувците и луѓето битно се разликува“, вели Лав. 

Сепак, самиот факт дека нервниот систем на лимфни крвни садови постои отвора нови прашања за потенцијалните терапии за лечење болести како Алцхајмерова, мултипла склероза или аутизам

OhridNews
извор: „Макфакс“