На 200 светлосни години од Земјата, во сончев систем со џуџеста ѕвезда, откриени се петнаесет планети, од кои три се во зона каде е можен живот.

Откритието го соопшти Институтот за технологии во Токио. Според јапонските научници една од планетите, K2-155 која се нарекува Супер Земја, би можела да биде населива. Се претпоставува дека на неа има атмосфера и вода.

Сепак, неопходни се дополнителни истражувања и анализи на составот на атмосферата и температурата на планетата, кои треба да ги потврдат наводите на научниците дека на Супер Земјата оддалечена 200 светлосни години од нас е можен живот.

OhridNews