Додавајќи мала количина од некои метали научниците направија пајажина три пати поцврста од обичната. Оваа техника може да биде корисна во производството на текстил и медицински материјали како вештачки коски и тетиви.
Тие го користеле процесот наречен извлекување слоеви од атомите, кој освен што ја прекрил мрежата со метал направил и сврзно ткиво со природната пајажина. Пајажината долго ги фасцинирала научниците со својата цврстина, но досега нејзината комерцијализација не била можна бидејќи пајаците кои се заробени за научни цели се јадат меѓу себе.