Меѓу песочните предели на Марс, стручњаците на американската агенција за вселенски истражувања НАСА забележале неколку дини кои наликуваат на натписи на Морзеовата азбука.
Камерата, којашто е инсталирана на автоматската меѓупланетарна станица Mars Reconnaissance Orbiter, ја фотографирала површината на Марс во близина на вредностите на инфрацрвениот дијапазон и видливата светлина.
Членот од тимот кој работи на проектот HiRISE, планетологот Вероника Бреј го дешифрирала натписот од снимката. Добиениот текст е со следната содржина „Nee ned ZB 6TNN deidedh siefi ebeee ssiei esee seee!!“, пишува порталот Гизмодо, повикувајќи се на сајтот на космичката камера. Точките и цртичките, кои се користат во Морзеовата азбука, на површината на Марс беа откривани и претходно, но во областа појужно од Северниот пол кај дината Хагал тие знаци сега се појавиле особено јасно и сликовито.
Научниците ја објаснуваат природата на формирањето на цртичките со заемното дејство на песокот и двонасочните протоци на воздухот. Точките, пак, се појавуваат во оној момент кога процесот на исцртување на линиите е прекинат од засега непознати причини.
OhridNews
извор Макфакс