Физичарите при фондацијата FOM и универзитетот во Амстердам откриле дека старите еѓипќани при изградбата на пирамидите користеле мудар трик за полесно да ги транспортираат камените блокови. Тие го навлажнувале песокот, по кој на санки ги влечеле камењата, а количината вода која одговара им овозможувала да го преполоват бројот на неопходни работници. Во списанието „Физикал ривју летерс“, научниците наведуваат дека експериментите покажале дека со зголемувањето на крутоста на песокот потребната влечна сила сразмерно се намалува.

Кога се додава вода во песокот, настануваат таканаречени капиларни мостови, односно ситни капки вода кои меѓусебно ги поврзуваат зрната песок. Со количина вода која одговара, водениот пустински песок станува отприлика двојно покрут од сувиот песок, а санките многу полесно лизгаат по цврст пустински песок, затоа што тој не се насобира пред санката како кога е сув. Египќаните тоа очигледно го знаеле. На насликаниот ѕид на гробницата на египетскиот владател Дјехутихотеп, јасно е воочлив човек кој влече санки и истура вода непосредно пред нив.