Италијанските научници од конзорциумот за експериментална биотехнологија во Беневенто, Италија, се надеваат дека со денешните генетски методи ќе успеат да оживеат вид на диво говедо кое живеело во европските шуми, а изумрело пред околу 400 години. И Гај Јулие Цезар се восхитувал на силата и големината на дивите говеда со завиени рогови, но баш тие квалитети кои ги поседувале довеле до нивно целосно истребување од прекумерно ловење.
Италијанските научници се надеваат дека повторно ќе успеат да го оживеат овој вид говеда, во просек тешки околу еден тон, со методот на вкрстување на видовите наназад. Со оглед на тоа дека го знаат точниот ген на животното, сметаат дека нема да имаат никакви проблеми. До сега веќе вкрстиле три видови, и го чекаат младенчето за да видат дали се на добар пат.