Научници од Калифорниската национална лабараторија „Lawrence Livermore“ на пролет ќе направат експеримент во кој ќе створат минијатурна ѕвезда слична на сонцето. Експериментот би можел да даде одговори на многу проблеми во физиката и да доведе до научна и енергетска револуција.


Имено, научниците веруваат дека се на праг да го решат проблемот како да произведат атомска фузија, реакција при согорување во средиштето на сонцето. Ако успеат да створат вештачка ѕвезда и предизвикаат термонуклеарна реакција, тоа би бил првиот чекор кон изградба на електрани на нуклеарна фузија и речиси неограничен извор на енергија.