Германските научници ја идентификувале досега најстарата кучешка коска, докажувајќи дека луѓето чувале кучиња уште пред 14 илјади година. Кучешката вилица била пронајдена уште во 1873 година во Швајцарија, но дури сега била анализирана од експертите во Германија.


Кучешката коска била стара помеѓу 14100 и 14600 години, тврдат археолозите Ханс Напиерала и Ханс-Петер Уерпман. По големината на забите заклучиле дека станува збор за куче, а не за волк.