Американските научници го потврдија постоењето на гравитационите бранови предвидени пред речиси сто години во општата теорија на релативитетот на Алберт Ајнштајн кој ги опиша како „пукнатини во структурата на просторот и времето“, објави Националната научна фондација на САД, пренесува „Макфакс“, повикувајќи се на AP.
На прес-конференцијата посветена на откритието, како што пренесуваат агенциите, научниците истакнале дека ова откритие се смета за голем пробив во физиката, што ќе отвори нови погледи на Вселената и нејзините тајни.
По повеќедецениски напори, ова откритие го потврдува важното предвидување на Ајнштајновата теорија за општата релативитетот од 1915 година, со што е потврдена и последната негова досега непотврдена теорија, според којашто гравитационите бранови се движат со брзина на светлината во вакуум и имаат отстапувања во просторот. Оттаму, секои тело со забрзувањето емитува гравитациони бранови, коишто се сé посилни колку што масата на телото е поголема и колку што побрзо се движи.
Гравитационите бранови биле регистрирани со ласерската интерферометричка гравитационо-бранова опсерваторија LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory). Тие претставуваат своевидни просторно-временски флуктуации кои отстапуваат од масивните објекти, кои се движат со променливо забрзување.
„Првпат научниците го набљудуваа работ во структурата на просторот и времето, која се нарекува гравитациони бранови“, се наведува во соопштението.
Откритието било направено на 14-ти септември 2015 година во 5,51 часот утрото по времето на Источниот брег на САД истовремено во две референтни опсерватории – во државите Луизијана и Вашингтон.
Врз основа на добиените резултати се претпоставува дека гравитационите бранови се појавиле како резултат на „колапсот“ на две црни дупки кои имале маси, на пример, 29 и 36 пати поголема од Сончевата. Овој феномен се случил пред 1,3 милијарди години. Во дел од секундата потоа трипати поголемата Сончева маса била преобразена во гравитациони бранови, кои подоцна стигнале на Земјата и биле регистрирани од научниците. Со тоа откритието ја потврдува една од главните тези на општата теорија на релативитетот на Ајнштајн, соопштија научниците.
Гравитационите бранови се осцилации/вибрации на структурата на просторот и времето, кои се разликуваат од масивните објекти движејќи се со променливо забрзување. Слично со преносот на електричното полнење кога настануваат електромагнетните бранови, но тие многу полесно може да се регистрираат.
Извор на брановите биле две црни дупки со маси од околу 30 Сончеви маси, кои движејќи се со брзина приближна на светлосната се судриле образувајќи една голема црна дупка. Притоа вкупната маса на сега едната црна дупка изнесувала 3 Сончеви маси помалку од збирот на двете маси, а преостанатата енергија била ослободена во форма на гравитациони бранови.
„Кога бранот од судирот дошол до Земјата, таа почнала да трепери, како што на пример трепери желето“, објаснил извршниот директор на LIGO, Дејвид Рејц. Според пресметките на научниците, судирот се одиграл пред околу 1,3 милијарди години.
Портпаролката на LIGO, Габриела Гонзалес, кажала дека луѓето можат да ги слушнат гравитационите бранови, па дури на прес-конференцијата емитуваше аудио снимка.
Гравитационите бранови ги предвидел уште Алберт Ајнштајн, но сите експериментални обиди да бидат откриени досега завршија со неуспех. Факт е дека дури и најсилните гравитациони бранови предизвикуваат само мали промени. Затоа научниците сметаат дека да се откријат гравитационите бранови е можно само со многу тешки предмети, како што се галаксии во судир, ротирачки црни дупки или бинарни ѕвездени системи.
Во соработка со LIGO, за тоа се користеле надземни/антенски гравитациони телескопи, гигантски антени во Т-форма со должина на краците од четири километри. Во нив под висок вакуум се ширеле ласерски зраци, кои се рефлектирале од спротивните краеви на антенската чинија. И бидејќи гравитациониот бран периодично се ширел и се стеснувал, на краците од телескопот, различните зраци движејќи се по различни оптички патеки, доаѓале до излезот со неколку задржувања. Поточно, во крајна линија научниците ги регистрирале новите зраци преку заемното дејство карактеристично за итерферентната шема.
Од тие податоци, научниците заклучиле дека отклонувањето на ниво од 10-19 метри сигнал, кој сведочел за преминот на гравитациони бранови, е генериран од страна на систем од две црни дупки на растојание од околу 50 милиони светлосни години од Земјата.
Минатата 2015 година, физичарите веќе објавија дека забележале траги од гравитациони бранови во микробраново космичко зрачење, но набрзо признаа дека нивните резултати биле погрешни. Сега, гравитационите бранови ги имаат забележано во подиректни мерења. Доколку овие податоци не бидат демантирани, тоа ќе претставува уште една потврда за општата теорија на релативитетот и ќе го отвори патот кон двата сона на физичарите – создавање на теоријата за квантната гравитација и, можеби, дури и теоријата за големото соединување, кое се опишува како сите видови физичка интеракција во исти услови и рамнини.
OhridNews
извор:„Макфакс“