Научниците веруваат дека го откриле енергетскиот извор на спектакуларно обоената светлина(aurorа borealis )која го осветлува ноќното небо на северот на Земјата.
Новите податоци од мисијата на НАСА Темис која се состои од пет сателити лансирани минатата зима покажале дека енергијата за поларната светлина доаѓа од млазови на наелектризирани честици од сонцето кои како морска струја доаѓаат меѓу магнетните полиња кои ја поврзуваат горната атмосфера на Земјата со Сонцето. Енергијата потоа нагло се ослободува во облик на силни светлосни ефекти видливи на небото на северната хемисфера. Резултатите од ова истражување ги презентирале научниците од универзитетот УКЛА на состанокот на Амерканскиот сојуз на геофизичари во Лас Вегас.
откриен енергетскиот извор на поларната светлина
Во март оваа година сателитите забележале појава на поларна светлина над Алјаска и Канада. Сателитите го мереле протокот на честиците и магнетните полиња од вселената. На изненадување на научниците геомагнетната бура која ја напојува со енергија поларната светлина јурела по небото со брзина од 650 км/ч. Научниците процениле дека силата на бурата е еднаква на енергијата која ја ослободува потрес со сила од 5,5 степени по Рихтеровата скала.
Јасминка Т. Момироска