Едно ново научно истражување покажало дека глувците поседуваат способност да пеат. Досега се сметало дека овој вид глодари може единствено инстиктивно да произведува звуци. Меѓутоа, резултатите на испитувањето покажале дека во стварањето на тоновите учествува и нивниот мозок, кој за време на оваа активност имал голема сличност со човечкиот мозок. Иако се верувало дека способност за пеење имаат само луѓето, некои видови птици, лилјаците, слоновите, делфините, фоките и морските лавови, научниците востановиле дека и глувците можат да репродуцираат комплексни звуци.

Мажјаците со испуштање на високи тонови ги заведуваат женките, а доколку во своја близина забележат потенцијална конкуренција, односно машки припадници од оваа раса, го менуваат тоналитетот на пеењето. Мислењето дека нивното пеење е инстиктивно, е заменето со научно докажано тврдење дека сепак во прашање е мозочна активност, налик на пеењето на луѓето.