Во американската станица Мек Мурдо на Антарктикот доставиле 16 488 презервативи. Управителот на станицата Бил Хенриксен вели дека станува збор за годишна испроака, а не за пратка. Во станицата се наоѓаат 125 научници кои ќе ја поминат зимата во ледени услови.


-Во текот на летниот период во станицата престојуваат и до 1100 особи, но само малкумина од нив имаат проблеми со вишок на време додека останатите предано го работаат она за што се испратени од Владата на крајот од земјината топка.