За да ги припремат малите панди што подобро за одењето во дивина, научниците облечени во костими на панди, секојдневно работат со младенчињта. Во костими им ја мерат температурата и извршуваат прегледи, па ги носат во дивина каде ги снимаат скриени камери. Првиот ваков начин за грижа на пандите бил започнат во Кина, во националниот парк за животни Волонг.
Пандата е една од најзагрозените животински врсти, па во Кина се спроведуваат разни програми за да се зголеми нивниот број. Во дивината живеат само помеѓу 2 и 3 илјади панди. Се хранат со бамбус и мораат стално да го јадат поради неговата ниска хранлива вредност. На подрачјата каде се движат пандите преостанале само неколку планински предели на кои бамбусот расте, па нивниот опстанок во потполност зависи од луѓето.