Доктор Јури Лабин тврди дека пред 100 години НЛО намерно се судрило со метеор за да ја спаси земјата. Остатоците од метеорот паднале на Сибир. Остатоците на Сибир опустошиле подрачје од 200 квадратни милји. Некој сведок тогаш пријавил силно светло и силен удар.


За среќа подрачјето не било населено и никој не настрадал. Повеќето научници веруваат дека експлозијата ја предизвикал метеор кој експлодирал неколку километри над земјата. На местото пронашле кварцна плоча. Лабин смета дека плочата е остаток од вселенско летало кое намерно се судрило со метеорот.