Тим научници од Флорида, САД, изнесе тврдење дека успеал да докажe дека коронавирусот Ковид 19 мутирал и станал уште позаразен, јавува CNN.
Според научниците потребно е да се направат дополнителни истражувања за да се утврди дали мутацијата го променила текот на пандемијата. Доколку оваа претпоставка биде потврдена, претставува објаснување зошто вирусот толку брзо се шири во САД и Јужна Америка, сметаат дел од научниците.
Научниците од институтот „Scripps Research“ на Флорида, тврдат дека дошло до промена во структурата на Ковид 19, што му овозможува полесно да навлезе во клетките на човекот.
Претходно оваа недела, Светската здравствена организација – СЗО, објави дека евентуалните мутации на коронавирусот нема да влијаат на ефикасноста на идната вакцина. Според СЗО мутираниот Ковид 19 не е поопасен, ниту побрзо се шири.
OhridNews
Фото: Илустрација