Во просториите на Меѓународниот Универзитет во Струга, денеска, се оддржа 2-та Меѓународна Научна Конференција на тема “Scientific Challenges for Sustainable Development” (Научните предизвици за оддржлив развој).
На конференцијата учествуваа професори, академици, политичари, ректори на универзитети, студенти и други еминентни личности од земјата и надвор.
Во рамките на научната конференција се одржаа 7 паралелни сесии на кои беа презентирани повеќе од 130 научни трудови од областа на економијата, правото, политичките науки, информатичката технологија и образованието.
OhridNews