Со цел збогатување на културната и научната понуда во Охрид, во Куќата на Уранија по трет пат се одржува „Научна и Уметничка Визита“ во организација на Македонската академија на науките и уметностите.

Во рамките на настанот предвидени се научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.

Инаку, манифестацијата ќе трае до 26-ти идниот месец.

OhridNews