Со цел збогатување на културната и туристичката понуда на Охрид, Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ ја организира четвртата по ред „Научна и уметничка визита – 2015″.
Програмата започна вчера со отварање на Летната музичка работилница при Факултетот за Музичка уметност од Скопје, чии учесници на 3-ти јули 2015 година ќе имаат завршен концерт.
На 4-ти и 5-ти јули ќе се одржи Лингвистичката работилница која ќе ја води Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“.
На 11-ти јули ќе биде организирана изложба на која ќе бидат претставени избор на фотографии од патешествијата на А. Ден Долард низ Македонија и Охридско. Според најавите изложбата ќе ја отвори академик Милан Ѓурчинов.
На 18-ти јули следува промоцијата на книгата „Македонската Глаголица” од академик Ѓеорѓи Поп-Атанасов, додека на 22-ри јули ќе се одржи предавање на академик Милан Ѓурчинов за великанот на Македонската уметничка проза- Живко Чинго, по повод 80 годишнината од неговото раѓање.
На 25-ти јули ќе биде органиизирана промоција на Иконите на Дичо Зограф црквите во Дебар и Мала Река, од д-р Сашо Цветкоски, чиј промотор ќе биде академик Цветан Грозданов.
Програмата за месец јули ќе заврши на 29-ти јули со промоција на книгата ПоезијаТкаења од Славе Ѓорѓо Димоски.
OhridNews