Собирот е во организација на универзитетот Св. Кирил и Методиј, а ќе учествуваат голем број академски и научни работници и претставници од верските институции од земјава и странство кои ќе зборуваат за делото и животот на Свети Наум Охридски.
Покровител на научниот собир е Претседателот Ѓорѓе Иванов, а ќе го отвори ректорот на универзитетот св. Кирил и Методиј, д- р Велимир Стојковски.
Предвидено е по завршување на научниот собир да биде печатен и зборник.