Нацрт просторниот план на Охридско-Преспанскиот регион доби зелено светло во Собранието на Република Македонија. На вчерашната седница пратениците го утврдија   Нацрт просторниот план на Охридско-Преспанскиот регион, кој како што истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, треба да се обезбеди ефикасна заштита на просторот, на природниот и на културно-историскиот капитал.

Со овој Нацрт просторниот опфатени се општините Охрид, Струга, Ресен, Дебарца и Вевчани. Планот долгорочно треба да ги определи развојните процеси во наведените општини. Целта со донесување на овој план е  да се избалансираат економските потреби  со  заштитата на животната средина, што е особено значајно за Охридско-Преспанскиот регион каде се наоѓаат двата најголеми басени со питка вода во овој дел од Европа.

ohridnews