Нацрт- ДУП за дел од  Првата У.З., ќе се врати на повторна преработка. Откако биле разгледани големиот број пристигнати приговори на првичната верзија на нацрт планот, кој го опфаќа старото градско јадро, градоначалникот Александар Петрески донел одлука истиот да биде вратен на преработка.

Бројот на поднесените анкетни листови  е  толку голем , што налага потреба од директно враќање на Нацрт-планот кај изработувачите на преработка, одошто да се формира комисија која на крајот би го констатирала истото тоа токму заради големиот број на забелешки од страна на граѓаните и институциите, се вели во соопштението на локалната самоуправа.


Нацрт ДУП за стар град ќе се преработува

 
Нацрт-ДУП за дел од Првата У. З., што неодамна го донесе советот,  предизвика бројни реакции кај граѓаните, а на недостатоци укажа и стручната јавност.

Ohridnews