„Општина Охрид во мандатот на актуелниот градоначалник Александар Петрески нема платено ни еден денар , ниту има фактура за реклами или слични пропагандни активности на ниту еден национален медиум. Тука се вбројуваат и „Сител“ и А-1 и други ТВ куќи.
Со други зборови, објавената лага за наводно финансирање на ТВ А -1 од страна на општина Охрид е почеток на порано видени некоректни и недолични хајки полни со измислици и озборувања насочени против охридскиот градоначалник кој е кандидиран за вториот мандат. Целта на тоа е како овие трабант-медиуми да му одмогнат на Петрески и да му помогнат со лаги и невистини на неговиот иден противкандидат во трката за градоначалник на Охрид.
Во таа смисла од овие трабанти со предзнак на медиуми јавноста може допрва уште многу бисери да чуе и да чита иако истите немаат никаква вистина, но служат за да се препукнуваат со бизнисменот и сопственик на ТВ А -1 Велија Рамковски“, се вели во соопштението на Општина Охрид.