Националниот парк Галичица викендов ги промовираше пикник локалитетот „Корита“ и видиковецот „Коритски рид“.

Охриѓани, туристите и љубителите на природата сега ќе можат да рекреираат и да ужуваат во убавините на планинската Галичица на уредени  излетнички места, кои ќе бидат уште еден адут во туристичката понуда на Националниот парк.

Промоцијата на пикник локалитетите се случува пред почетокот на туристичката сезона кога во националниот парк има најмногу посетители.


Националниот парк уреди две познати излетнички места

OhridNews