Националниот парк „Галичица“ утре ќе ги исклучи сите електрични апарати во управната зграда со што ќе се приклучи кон кампањата на федерацијата на италијанските национални паркови за заштеда на електрична енергија.

Управата на паркот ги повикува граѓаните, институциите и организациите утре да се приклучат кон акцијата со исклучување на електричните апарати.

Италијанските министерства за животна средина и заштита на копно и почва и за земјоделство ја иницираа капањата за да се подигне јавната свест  за потребата од заштеда на енергијата.

Ова го практикуваат сите членки на федерацијата на национални паркови во Италија, а иницијативата во текот на последниве години добива и меѓународни рамки.

Ohridnews