-Националниот парк Галичица е прогласен за национален парк во далечната 1958 година. Според Законот за заштита на природата од 2004 година, постои обврска сите заштитени подрачја во Република Македонија да поминат низ постапка за Повторно прогласување. Оваа јавна расправа е дел од процедурата за репрогласување на Националниот парк и има за цел да ги презентира сите детали околу оваа постапка.-изјави Васил Анастасоски, раководител на Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање.
При изготвување на процедурата за повторно прогласување, од Министерството за животна средина објаснија дека се исцртани нови граници на површината на која се простира Националниот парк Галичица. Според приложената карта на Јавната расправа можеше да се види дека поголема промена на границата на националниот парк има во источниот дел на паркот, односно на страната на Препанското езеро. Во западниот дел на границата, која е во должина на Охридското езеро, можеше да се види дека во споредба со старата граница, направено е отстапување само на неколку места. Границата е помесетена најмногу во пределот кај плажите во Горица, а во мал дел е променета и кај населбата Бараки и тунелот кај населбата Рача.
-Новите граници не отстапуваат многу од претходната состојба на границата. Сите промени кои се направени се со цел, границата на Националниот парк да биде видлива на терен. Со претходниот нацрт за границата кој. бил усвоен пред околу 50 години, границата не можеше да се види на терен. Отстапувањата на новата граница од Западниот дел на паркот е направена со цел границата да го следи Регионалниот пат Охрид-Св. Наум, односно да го зазема пределот над патот.-објаснува Анастасоски.
Тој наглсува дека за разлика од картите и списите од 1958 година, по која е означена поранешната граница на Националниот парк Гличица, биле направени на најпримитивен начин. Додека пак новата граница на паркот е дефинирана и поставена врз основа на најсовремени аеро-фото снимки направени на овој предел.